Македонија вечерва со Грузија ќе го одигра четвртиот натпревар од Лигата на нации

Македонската сениорска репрезентација го продолжува циклусот на натпревари во рамките од групата на Лигата на нации. На програмата ќе бидат натпреварите од 4 коло во кое на националната арена „Тодор Проески“ ќе се сретнат репрезентациите на Македонија – Грузија. Во првиот натпревар на гости кој што се одигра на 8 септември овие селекции одиграа мирољубиво односно 1:1. За вечерашниот меч и двете репреземтации ќе настапат во нешто изменети состави, бидејќи ќе фалат играчи,нешто поради повреди или некои поради лоши авионски врски поради пандемијата. Како и да е Македонија по оној разочарувачки натпревар со Ерменија и среќните 3:3 извлечени во самиот финиш, мора да го поправи впечатокот и да заигра на победа. Македонија и Грузија ги очекува и финалниот меч за настап на ЕП кој што треба да се одржи на 12 ноември во Грузија. Натпреварот Македонија – Грузија ќе се одигра вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20.45 ч.

Драги Герасимов – Пушка