Од денес во самоизолација две деца од ООУ „Славејко Арсов“

Од денес  во самоизолација се две дечиња кои посетувале физичка настава во ООУ „Славејко Арсов“  во населбата Баби. Децата се од исто семејство и се на возраст од 5 и 7 години. Спопред информациите кои за М Нет ги даде директорот на ова основно училиште Павле Мицев  не се работи за деца кои се позитивни на коронавирусот бидејки на истите не им се направени тестирања а предходно  не манифестирале никакви симтоми. На децата секојдневно им се мерела телесната температура и во училиштето се практикувале  најстрогите примени на здравствени протоколи, со тоа е исклучена можноста во текот на денешниот ден, двете деца да манифестирале симптоми кои алудираат на тоа дека се носители на коронавирус. Децата се ставени во домашна изолација на инцијатива на нивната мајка. Според информациите на наставничката од ова основно училиште утринава мајката на двете децинја дошла во училиштето и дирекно ја информирала дека нејзиното вчерашно тестирање потврдило дека таа е позитивна на коронавирус. Со цел да се одбегне евентуалното ширење на вирусот  во интерес на заштита за здравјето на целокупната училишна заедница во институцијата во која има  340 ученици , оваа совесна мајка си ги повлекла двете деца дома да следат онлајн настава и да им ја следи здртавствената состојба која засега не потврдува присуство на коронавирус кај 5 годишното и 7 годишното нејзино дете. Директорот на ООУ„Славејко Арсов“  ги отфрла сите гласини на медиумите кои информирале дека двете деца имале коронавирус, не носеле маски и со тоа предизвикале состојба на потенцијална зараза и жариште.

Маре Стојилова М Нет