Четири месеци без поголеми врнежи, Брегалница засега стабилна, постои ли можност за влошување на состојбата?

Катастрофална е состојбата со врнежите во последните четири месеци, тврди штипјанецот Киро Маџунаров, кој со децении го мери водостојот на реката Брегалница. Според него, март, април, мај и јуни донеле исклучително малку дожд, а реката сè уште го одржува водостојот благодарение на врнежите од почетокот на годината. Моменталниот водостој изнесува 74 сантиметри и е над просекот за овој период од годината. Маџунаров посочува дека лани првите пет месеци биле значително побогати со врнежи, додека годинава сушниот период веќе остава сериозен белег врз водните ресурси.

,,Според последните мерења 74 сантима, не својствено за овој период од годината, затоа што овие последните неколку месеци, како март, април, мај, јуни се катастрофа со врнежи, истите се како за еден месец. Ако правиме споредба со ланската година, првите пет месеци лани беа подобри, а оваа година само првите два месеца беа добри со врнежи и од тие врнежи се чувствува нивото на водата. Брегалница е према времето и системите кои што псотојат можеме да кажеме дека има натпросечно, но штетата вода истечува, бадијала, ние колку ја користеме прашање е.“, вели Маџунаров

Кога би се зело во предвид минатата година, овој период од годината имало врежи дури 90 литри на м2, додека годинав има едвај 23 литри на м2.

,,Ако лани зборуваме замесец мај имаше 90 литри на м2, оваа година има само 20 литра на м2. A што рекол народот ,,мајско дождче злато вреде“, оваа година е катастрофа. Јуни пак немаше врежи, оваа година има само 20 литри на м2.“, додава Маџунаров

Кога е во прашање локалните врнежи во текот на летото, Маџунаров вели не споредливи се со оние во текот на зимата, пролетта и есента, затоа вели дека немаат многу влијани врз водостојот на реката.

,,Па добро тоа се врнежи летни, колку се кориси и ефикасни пак се осете, освеже и клима и лугето имат бенефит, но тоа не се врнежи како тие што се како пролетните, есенските, зимните.”, подвелече Маџунаров

Инаку, од УХМР, велат дека овие денови температурите ке се искачат до 38 степени, а времето се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови велат дека се можни услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Иван Митев, М-Нет