Големо НЕ за рудникот на Плавица, граѓаните на Пробиштип исплашени за сопственото здравје, Општината демантира

Револтирани, загрижени и исплашени за сопствениот живот се граѓани на Пробиштип, поради планираниот рударски комплекс на планина Плавица. Стравуваат за можните последици од експлоатацијата на минерални усровини, вклучително бакар и злато врз животната средина, водните ресурни, сопственото здравје, но и за земјоделството и културното наследство во регионот. Јавно бараат надлежните институции да испитат дали од рударските активности е можна штета врз Кундинско езеро и изворите, последици врз сопственото здравје, почвата, растителниот и животински свет, како и врз земјоделските површини. Дополнителни бараат тие да го проверат и културното наследство во регионот на Плавица и Марчино, вклучувајќи ги старите камени урнатини на локалитетот, како и да се разгледаат сите можни ризици и забелешки на граѓаните и да ги преземат законските мерки за заштита на животната средина и населението.

„ Изразуваме сериозна загриженост во врска со планираниот рударски комплекс на Плавица. Бараме внимание кон следниве прашања:

Заштита на водните ресурси, заштита на здравјето на населението, заштита на природата и земјоделството, заштита на историското и културното наследство, транспарентност и учество на граѓаните, барање за преиспитување на проектот

Бараме надлежните институции да ги разгледаат сите можни ризици и забелешки на граѓаните и да ги преземат законските мерки за заштита на животната средина и населението.“, велат граѓаните

Во врска со случајот со рударскиот комплекс Плавица, нашата телевизија се обрати до градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски, кои истакна дека станува збор за дезинформации или непотребна паника.

Во овој момент нема никаква експлоатација, ниту пак постојат какви било најави или активности за такво нешто. Целосно ја разбирам загриженоста на граѓаните кога станува збор за здравјето и животната средина, но во овој случај станува збор за дезинформации или непотребна паника. Локалитетот „Плавица“ е геолошко наоѓалиште каде што повеќе од 50 години се вршат исклучиво геолошки истражувања од страна на разни светски компании.

Во последните 15 години, концесионер е австралиска компанија, која исто така прави само геолошки истражувања со соодветни државни дозволи.

Тие истражни активности досега ниту еднаш не предизвикале никакви штетни влијанија врз животната средина, земјоделството, културното наследство или врз здравјето на нашите сограѓани.“, вели Тоневски

Тој додава дека доколку во иднина се појави каква било иницијатива која ги надминува истражувањата, јавноста и граѓаните први ќе бидат информирани, а сите законски еколошки стандарди ќе мора да бидат строго испочитувани. Жителитесепка велат дека нивната цел е заштита на здравјето на луѓето, природните богатства и историските вредности на нивниот регион за сегашните и идните генерации. И натаму очекуваат писмен одговор и информации за преземените мерки во рамките на законските рокови.

Иван Митев, М-Нет