Четири лица од Истокот починале како резултат на Ковид 19

Тројца пациенти во изминатото деноноќие ја изгубиле битката со ковид 19 во Клиничка болница Штип, од кои две од Штип на возраст од 68 и 72 години и едно лице од Пробиштип на 79 годишна возраст. Во штипската клиничка болница вкупно се хоспитализирани 87 пациенти од кои 42 во модуларната ковид болница и 45 на инфективното одделение. Повеќе од половината од пациентите се на кислородна поддршка. Слободни се 2 кревети во модуларната ковид болница и 5 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во текот на изминатата недела, почнувајќи од понеделеникот 10 лица ја починале само во Клиничката болница Штип. Зголемен бројот на хоспитализирани и во Општата болница со проширена дејност во Кочани, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна директорот Александар Серафимов. Модуларната ковид болница без слободно место, а полна е и Физикална медицина. Слободни се деветте кревети на одделот за Интезивна нега. Регистриран е и еден починат пациент од Виница. Дополнителни 8 пациенти плус имаат потреба од кислородна поддршка, односно вкупно 20 се на кислород. Останува почитувањето на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, носење маска, одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција.

Во земјата, досега, се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082 лица.

Лаура Стојанова М-Нет