
Од понеделник се менува бројот за испраќање на смс пораки за наплата на паркинг услуга во Штип, информираат од општината. Сегашниот број 148 484 се заменува со нов број 144 144 кој ке се употребува од понеделеник. Исто така, зоната А се заменува со SТ.
„Од понеделник 19.04.2021година операторот за плаќање на паркинг услуги преку мобилен ќе се промени. Новиот број за испраќање на пораки е 144 144, а истовремено ќе ги промениме зоните на паркирање од А во ST, кои ќе можете да ги видите на знаците поставени во секоја зона.“ – стоеше во писменото соопштение испратено од кабинетот на градоначаникот.
Паркинг услугата во Штип со СМС порака се наплаќа со испраќање текст во која зона ви е паркирано возилото дополнително запишувајќи ја регистерската табличка. Освен на овој начин, паркинг услуга може да се наплати и со купување на гребки, или со месечен или годишен билет. На подрачјето на Штип на располагање има 860 места за кои се наплаќа паркинг услуга.
Лаура Стојанова М-Нет