
20 годишна девојка од Берово која почина во сообраќајна незгода, е донорот на срце, кое вчера четири часа по полноќ зачука кај 27 годишно момче, кое долго време чекало донор. Отакако девојката починала нејзиното семејство се согласи да се донираат нејзините органи.Тие го изгубија најмилото, згасна еден млад човечки живот, но со донација на нејзините органи други десетина животи ќе бидат спасени и многу подобри.Министерот за здравство Венко Филипче, синоќа на полноќ објави фотографија на неговиот фејсбук профил, со неколку доктори дежурни на Клиниката за Кардиохирургија,како подготовка за операцијата.Утринава Филипче постираше историска фотографија на која докторите и се поклонуваат на младата беровчанка чие семејство одлучи да ги донира ниејзините органи.
„Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството. Нема зборови со кои може да се опише големината на чинот на органодарителството.“ – стоеше на неговиот фејсбук профил.
Исто така, двата бубрега чекаат да бидат трансплатирани кои лица кои долги години се на дијализа. Во понеделник пак се очекува повозрасен пациент да добие шанса да живее нормално откако коската со метафази ќе биде заменета со здрави коски.Со ова во нашата држава по втор пат е извршена успешна трансплатација на срце во историјата. Првата трансплатација на срце беше извршена во мај минатата година.
Лаура Стојанова М-Нет