496 возачи приведени во месец јули, одземени над 300 возила, управувале пијани, без дозвола и во забранет правец

496 возачи биле приведени во месец јули, оти возеле пијани, брзо, без возачка дозвола, со забрана и во забранет правец. Како што известуваат од страна на МВР, во изминатиот јули, констатирани биле 20976 сообраќајни прекршоци, а дури 4241 прекршок се само за брзо возење. Во истиот период како што соопштуваат биле одземени и 332 возила, а според статистиќкиот преглед евидентирани биле над 4500 прекршоци за неправилно паркирање. 299 возила велат дека биле нерегистрирани, а 125 неисправни. Дополително додаваа оти санкционирале биле и 44 возачи, бидејки непрописно ги затемниле стаклата на возилата.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, три за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец.

Во истиот период одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол.“, велат од МВР

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 2073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани биле и 1829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.

Иван Митев, М-Нет