Цената на компирот расте, побарувачката сѐ помала, се бараат само најосновните производи

Компирот со цена како речиси никогаш до сега, младиот компир пак се помалку присутен на пазарот во штип бидејќи цената достигнува и до 90 денари. Продолжува да се бара пред сѐ зеленчукот и јужното овоше, но иако не е сезоната на пиперката и таа беше доста присутна на тезгите во градскиот пазар во Штип. Продавачите велат цените се движат речиси идтнтично како и претходно, со тоа што покачена е цената на компирот и доматот, а падна цената на краставицата и кромидот.

„Пензиите скоро ги дадеа има побарувачка, цените се исти како и пред една недела, нема покачување, нема намалување. Пиперката втората класа лутата е 200 денари, ама луѓето ја купуваат“

Дополнителен проблем за дел од продавачите беа и временските услови. Нивните тезги не поктриени, па мораа самостојно да се снаоѓаат за да продадат нешто. За купувачите пак цените на пазарот прилично скапи, се купува само најосновното.

„Исто како претходниот петок, нешто компирот е со покачена цена. Салата е со иста цена, ама не е ефтино“

Раздвиженост на дел од пазарот во Штип имаше, но делот кај текстилот остана полупразен.

Лаура Стојанова М-Нет