
Светскиот ден на лицата со аутизам, 2 април, го одбележаа посебните паралелки во ООУ „Ванчо Прќе“. Со цел сплотеност и заедништво на сите деца се организираше инклузивна работилница на која се истакнаа креативноста, способностите и талентите на сите деца. Учениците имаа подготвено мини-перформанс, а изработија и маски по повод Денот на шегата.
„Денеска, по повод 2 април, Светскиот ден на лицата со аутизам, во просториите на нашето училиште организиравме инклузивна работилница на којашто дечињата од редовна настава заедно со дечињата со потешкотии во развојот од посебните паралелки во нашето училиште се дружеа, си помагаа еден на друг. Целта на ваквите работилници е да се надминат сите предрасуди, да се подигне јавната свест кон овие лица и со тоа да се помага постојано на овие лица“
Посета на посебните паралелки и нивната работилница оствари и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој додели подароци на учениците. Подароци имаше и за градоначалникот и претставниците на Општината изработени од учениците. Двете страни си ветија соработка и повеќе вакви активности со цел – инклузивност на децата со аутизам и попречености во развојот.
Ребека Спасова М-Нет