Футсал второлигашите од денес комбинирано ги започнуваат мечевите од 6 коло

Од денес четврток па се до понеделник комбинирано ќе се одиграат натпреварите од 6 првенствено коло на Втората Футсал лига на Македонија. Први кои ќе го отворат ова коло ќе бидат играчите на Проект и на Мал Ајакс а преостанатите штипски екипи според распоредот ќе бидат домакини и тоа Кардшлк во сабота против Овче Поле од Свети Николе а Астибо во недела против Конзули од Битола. Еве ги комплетните двојки за ова 6 коло:

  1. 02.12,2021 Проект – Мал Ајакс
  2. 04.12.2021 Кардшлк – Овче Поле
  3. 04.12.2021 Кеги Моби – СЕЕ Универзитет
  4. 05.12.2021 Клими – Велешта
  5. 05.12.2021 Астибо – Конзули
  6. 06.12.2021 Црешово топче – Форца

Што се однесува до изгледот на табелата засега прва е екипата на Кеги Моби со 15 бодови, втора е екипата на Конзули со 12 колку што има и Астибо,но со послаба гол разлика. Тимот на Мал Ајакс е на 4 место со 11 бодови колку што има и Форца а Кардшлк е последен на 12 место без освоени бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk