
Разговорите продолжуваат, но ние бараме да се почитува договорот за добрососедство, изјави денес амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, при посетата на Штип. На новинарското прашање за тоа дали договорот се почитува обострано во однос на малцинствата, тој одговори дека според бугарската конституција, тие не признаваат малцинства.
„Не. Договорот за добрососедство не се исполнува и тука е целиот проблем. Ние сакаме тој да почне да се исполнува од секој аспект. Што се однесува до прашањето за малцинствата, според бугарската констиуција, кој е а пропо и во Франција на ист начин, ние не признаваме малцинства. Сите се граѓани еднакви пред законот во Бугарија, т.е. не признаваме колективни права. Секој има индивидуално право да се чувствува како сака и тука никој не може тоа да го забрани. Исто така, не може да му забрани да се обединува. Во Вашето прашање има уште една неточна теза, а тоа дека ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во Република Северна Македонија“, рече Ангелов.
Во однос на политичката блокада помеѓу двете држави, Ангелов напомена дека разговорите ниту запреле, ниту ќе запрат. Напорите за наоѓање решение се водат помеѓу Министерствата за надворешни работи. Меѓутоа, со оглед на тоа што Бугарија ќе има нова Влада, Ангелов истакна дека очекува
Ребека Спасова МНет