Кик боксерите на „Гладијатор“ од Штип ќе настапат на Меѓународниот турнир во Ниш, Србија

Членовите на Кик бокс клубот Гладијатор се поканети и ќе настапат на Меѓународниот „Balkans Best Fighters“ турнир што ќе се одржи во градот Ниш,Република Србија. Според информациите од тренерот Шенол Асанов на турнирот ќе настапат следните кик – боксери:

Славчо Арсов, Сениор : Кик – Лајт -79 кг.

Марјан Попадинов, Сениор : Кик – Лајт -79 кг.

Никола Нацев, Јуниор : Кик – Лајт +94 кг.

Ива Петрова, Јуниор : Кик – Лајт – 70 кг.

Иле Велков, Кадет : Кик – Лајт +69 кг.

Јован Данилов, Постар Кадет : – 43 кг.

Инаку кик – боксерите на Гладијатор се вратија не редовните тренинзи и тоа во поголем број на присутни во новите простории во Домот на Културата „Ацо Шопов“во Штип. Најавите од организаторот на турнирот во Ниш Срџан Радуловиќ се дека овој меѓународен турнир ќе биде мошне масовен со присуство на преку илјада натпреварувачи од сите балкански земји што ќе преставува нова можност за докажување на квалитетот на штипските кик – боксери.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk