
Фудбалските третолигаши од групата Исток на програмата ќе ги имаат натпреварите од редовното 10 коло. Лидерот на табелата тимот на Брегалница од Делчево ќе гостува во Градско Балдовци на незгодната екипа на Спартмани, додека пак Малеш во Берово ќе ја пречека екипата на Карбинци. Интересно и возбудливо ќе биде и за играчите на Овче Поле кои ќе гостуваат на тимот на Раклиш, како и на средбата Василево – Тиверија. Еве ги комплетните парови за ова 10 коло:
- Малеш – Карбинци
- Чешиново – Детонит
- Спартмани – Брегалница
- Работник – Хоризонт
- Василево – Тиверија
- Раклиш – Овче Поле
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 13 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk