
Утре, сабота ќе се спушти есенската фудбалска завеса во ВМФЛ – Исток во која „трката“ за врвот први ја истрчаа играчите на Брегалница од Штип. На едно коло пред крајот имаат предност пред тимот на Тиквеш од Кавадарци од цели 5 бодови и официјално во Виница ќе бидат промовирани во есенски шемпион. А Виница традиционално е непријатна за Брегалница во времињата наназад. И кога била најсилна Брегалница, тимот на Слога знаел да ја изненади и да ја победи. Сега времињата се променија, Брегалница е голем фаворит на хартија и се освен победа, би било неуспех за штипјани. Тимот на Тиквеш им е зад петици и мора да одржуваат пристојна, ама сигурна предност. Екипата на Слога по подолга пауза за враќа на македонските фудбалски патеки и со сета сила ќе се обиде да го задржи 4 место на табелата. Спортската редакција на Мнет ја продолжува успешната соработка со раководството на ФФМ за популаризација на фудбалот на Истокот и од Виница ќе вршиме директен пренос на Мнет ТВ од натпреварот Слога – Брегалница со почеток во 13.00 ч. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Ставрев, прв асистент Дејан Костадинов, втор асистент Бранко Путилин и четврти судија ќе биде Никола Иванов. За Контролор е делегиран Тони Стојановски а Делегат ќе биде Драган Јорданов. Интересно ќе биде и во Штип каде што според информацијата на генералниот секретар Јованче Пилешков натпреватот Кит Го – Плачковица наместо во Пехчево овој натпревар ќе се одржи на „градски“ во Штип. Еве ги комплетните парови за ова последно 16 есенско коло:

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 12 декември со почеток во 13.00 ч. без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk