Жителите од Каменичкото село Моштица поточно маалото Павлиждол по своја иницијатива и инвестиција бидејќи нема недоволна количина на вода во своите домови и задоволување на потребите за наводнување на градините кои што ги имаат поради недоволниот притисок и дотраеноста на досегашниот водоводен систем со кој располагаат неопходно било да се пронајде начин како да се снабдат со основната течност која е основна за живеење во доволни количини.
Тука живееме во оваа куќа и со комшијата помагаме да се направи водовод пошто скинаа ја тука како минат машини за правење на пато и еве така да си помогнеме комшиски да спроведеме водата. Моментално имаме стар водовод сега треба да прават нова реконструкција на водоводо и така ама баш кога ни нај требаше летнио период ние немавме вода. Со сопствени пари тие црева се е од наши средства треба да ни направат нов водовод ама не знаеме од каде ќе мине па си поставуваме ние сами црева за да може да се приклучиме најавуват дека ќе го направат во наредните три четири месеца па ќе видиме. Должината е километар надолу и од моштичка река до овде некаде околу 3 километра. Точниот број на жители не можам да ви го кажам има многу млади кои са иселени на пример ќерката на комшијата е во Америка син му е во Италија со внуците, јас мјот син и внуците се во Швајцарија првин беа во Италија а сега се преселија во Швајцарија ама летнио период си доаѓаат. – Милан Јовановски жител на маало Павлиждол
Како што кажа еден од нашите соговорници му биле потребни негде околу 1000 евра да потроши за да може водата да ја донесе до семејниот дом.
За тоа што треба да купам цревото 650 метра по 350 денара и плус работна рака и на луѓето да им обезбедам јадење. Па имам една бавча доле и од таа вода што е тука ја живеам над пато и немам доволно притисок за да ја навадам инаку водата не е регулирана никој нема саат за мерење кој што сака со неа работи и за тоа оваа линија ја пуштив сопствена за да си обезбедам летно време вода колку што имам реално потреба и зимно време за пиење. Моментално водоводот горе преќина што беше за сите колку две недели сите немаа вода па собираа пари по 500 денара од куќа за да се пушти и да реновираме ама обеќаа дека сеа нов водовод ќе ни пуштат ама ни го пуштаат 20 години порано беше еден градоначалник 12 години после друг 8 години сега градоначалничката 4 години и оште вода немаме за пиење и што сега јас секој пат се жалам дека немам вода за пиење ќе се оправи ќе се оптави и никако да биде и за тоа јас морам да изгубам сопствени пари и да инвестирам. Ќерка ми е во Америка синот и децата се во Италија за тоа што нема овде егзистенција нема од што да живеат работа слабо мора таму они не сакат ли овде да живеат кој не сака да е во роднио крај. Љубе Илиевски жител на маало Павлиждол
Кога живееме во ХХI век како може ова Моштичко маало кое има околу 85 куќи со нешто повеќе од 140 жители а точната бројка со сигурност не може да се каже поради младите кои што се наоѓаат во странство и доаѓаат на неколку дена кога имаат слободни денови од работа тоа не значи дека не треба да се посвети внимание на оние кои што останале овде и го живеат својот живот.