ФОТО: Тиквеш подобар од Кожуф во Дојран

Прволигашот Тиквеш со 2:1 беше подобар од второлигашот Кожуф на контролката одиграна во Дојран.

Урош Мирковиќ беше двоен стрелец за кавадарчани, a за Кожуф погоди Дарко Михајлов, во израмнет меч со шанси и на двете страни.

Следен натпревар за Тиквеш е против Детонит Плачковица, а се игра на 4. февруари.