Јорданов: Целосно реконструирана по 50 години улицата „Борис Кидрич“ во Штип




Целосно реконструирана и ставена во функција е улицата „Борис Кидрич“ во Штип, една од најфреквентните улици во централното градско подрачје. Со целосната замена на старата водоводна и канализациона мрежа, како и поставувањето нов асфалтен слој, улицата доби нова и современа инфраструктура. Градоначалникот Иван Јорданов упати благорданост до граѓаните за трпението, разбирањето и соработка за време на градежните активности и процеси и додаде дека само со визија, одговорност и конкретни резултати може да се смени градот.

https://youtu.be/qx1cUrDL2lg?si=TCN2UvZIDwmUGrNO

Ева Тушевска, М-Нет