Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати.
Активни пожари – 6:
Општина Прилеп: во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, гори ниска вегетација.
Општина Студеничани: на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, пожарот зафаќа мешана шума.
Општина Македонски Брод: во месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај селото Локвица, пожарот зафаќа ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Општина Кичево: во атарот на село Тајмиште, во месноста Дарда, гори високостеблеста букова шума.
Општина Липково: во атарот на село Никуштак, пожарот зафаќа ниска вегетација и шума.
Општина Крушево: пожарот во реонот на село Белушино повторно се активира – село Јакреново – пожарот е ставен под контрола. Зафатени се ниска вегетација и дабова шума.
Пожар под контрола – 1:
Општина Делчево: пожар на депонијата во Делчево.
Изгаснати пожари – 3:
Општина Гостивар: село Форино – ниска вегетација.
Општина Желино: село Церово – ниска вегетација и папрат.
Општина Могила: село Мусинци – ниска вегетација.
Според Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов најголем пожар, и натаму е оној во Мариовскиот Регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес е ставен под делумна контрола.
Сè уште е активен и пожарот што вчера околу пладне изби на територијата на Општина Липково, над селото Никуштак, којшто сега, според Ангелов, се движи во насока над село Матејче и кон манастирот над село Матејче.
Друг пожар што трае повеќе денови е на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Драгов Дол.
Овој пожар, појаснува Ангелов е значително намален, но теренот е екстремно негостољубив. „На некои места не може да се оди пеш, а ниту има ефект ако се дејствува од воздух“.
Третиот пожар е оној што повеќе денови се одвива на територијата на Општина Студеничани, којшто, како што информира Ангелов, се шири кон Китка.
По утринското хеликоптерско извидување било утврдено дека од овој пожар има само остатоци од горењето во еден дол.
Сè уште е активен и пожарот што вчера околу пладне изби на територијата на Општина Липково, над селото Никуштак, информира Ангелов, којшто сега се движи во насока над село Матејче и кон манастирот над село Матејче.
Таму дејствуваат четири „пинцгауери“ на ДЗС, коишто се на места каде што теренот го дозволува тоа и ја гаснат надворешната линија.
Ангелов додава дека на локацијата има и еден „БТР“ на Дирекцијата, којшто има резервоар полн со шест тони вода, а кој ќе се употреби во случај огнот да пробие и да треба да се брани селото.
„Но, сметам дека селото во ниту еден момент нема да биде загрозено, бидејќи се работи за живо село, полно со луѓе. Сега имаме асфалтирани улици и, покрај тоа што овде забележувам многу висока сува вегетација, сепак луѓето, локалните жители, ќе помогнат, како што помагаа во текот на вчерашниот ден“, додава Анеглов.
Текстот (Видео) Шест пожари и понатаму активни, сè уште гори во Мариовско, Македонски Брод, Студеничани и во Никуштак е превземен од МАКФАКС.