
Утре ќе се одигра 31. издание на Купот на Македонија, кое ќе го одиграа прволигашите Воска Спорт од Охрид и Тиквеш од Кавадарци. Прво учество и на двете екипи, прва можност за освојување на Купот на Македонија, едно е сигурно, а тоа е дека која екипа и да го освои ќе го освои за првпат Купот, а со тоа за првпат ќе имаме и нова екипа која го освојува Купот на Македонија.

Екипата на Воска Спорт го имаше последниот тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, пред утрешното соочување против Тиквеш на арената со почеток од 19 часот.

Можност за двете екипи преку Купот да излезат и во Европа, можност да ја обезбедат фудбалската „виза“, можност симпатизерите и навивачите на овие клубови нивниот миленик да го гледаат во Европа.


Александар Ванев, М-Нет