
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на финалето од Купот на Македонија, на кое ќе се имплемтира ВАР технологија, што ќе биде прв домашен натпревар со ВАР технологија.
Главен судија на утрешното Куп-финале кое се игра меѓу Тиквеш и Воска Спорт на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е Александар Ставрев од Скопје.
Негов прв помошник ќе биде Дејан Костадинов од Скопје, а втор помошник Куштрим Лика од Кичево.
За четврт судија на Куп-финалет кое ќе започне во 19 часот е делегиран Јован Качевски од Струга.
ВАР судии ќе бидат Димитар Пилешков од Штип и Даниел Васиелвски од Скопје. Делегат на мечот ќе биде Игор Франгоски од Скопје, а пак контролор Делчо Јакимовски од Скопје.
Зоран Саздов од Скопје е делегиран за комесар за безбедност на ФФМ.
Александар Ванев, М-Нет