
Утре се игра големото финале од Купот на Македонија меѓу екипите на Тиквеш и Воска Спорт, кое ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 19 часот.
Тоа значи дека големото финале ќе се одигра под рефлектори, а екипата на Тиквеш денес го имаше последниот тренинг на Националната арена пред утрешното финале против охридскиот прволигаш.

Ова е прво финале и за двете екипи, прва можност и за двете екипи во своите витрини да го имаат Куп-пехарот, прва можност и за излез во Европа односно обезбедување на фудбалска „виза“ за фудбалска Европа преку Купот на Македонија.
Погледнете дел од атмосферата на тренингот на Тиквеш преку фотографии:


Александар Ванев, М-Нет