ФОТО: Повторно сообраќајна несреќа кај Три Чешми во Штип

Уште една сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на бензинските станици кај населбата Три Чешми во Штип.
Според првичните информации, во несреќата е причинета материјална штета на возилата, а засега нема официјални податоци за евентуално повредени лица.
На местото на настанот увид врши екипа на СВР Штип, која ги утврдува околностите и причините за сообраќајката. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.