
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со тренерот Берат Имери и за следната сезона во која тимот од Арачиново ќе биде дебитат на Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Берат Имери успеа да ја внесе Шкендија Арачиново во Прва лига преку бараж, откако во Втората лига тимот заврши на третото место, а во бараж мечот се соочи со Пелистер, по регуларните 1:1 во пенал рулетот голманот Антонио Столевски го реши мечот со среќен крај за Шкендија Арачиново.
Дополнително, новиот прволигаш постигна договор со ФК Шкупи кој испадна од Прва лига домашните мечеви Шкендија Арачиново да ги игра на стадионот во Чаир, за што тимот од Арачиново изрази благодарност за постигнатиот договор и можноста токму на овој терен да се играат домашните мечеви, притоа ФК Шкендија Арачиново посочија дека ја очекуваат поддршка од верните навивачи и сите поддржувачи на трибините на стадионот во Чаир.
Александар Ванев, М-Нет