Утре е строг пост – ќе се одбележи отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

Утре е строг пост – еден од најтешките денови за православните верници, ќе се одбележи отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител, празник познат и како Св. Јован Опсечен. Постот е строг – без масло и со ограничена исхрана, како знак на почит, но и како духовно прочистување. На овој празник, верници го почитуваат примерот на светителот, кој ја зборувал вистината без страв и не молчел пред злото на моќните, дури и кога тоа му го донело животот на жртва. Токму поради тоа, Св. Јован Крстител се смета за еден од најголемите свети луѓе во историјата на православната црква.

Празнувањето на Св. Јован Опсечен не е само историски спомен, туку и поддршка за христијаните да останат силни и доследни во својата вера и моралност, без оглед на личните и социјалните предизвици со кои се соочуваат во денешниот свет. Во текот на утрешниот ден, верниците ќе ги посетат храмовите за да се помолат за сила и мудрост, со цел да ја следат неговата патека и да се ослободат од своите духовни товарења. Празникот утре масовно ќе биде одбележан во штипското село Љуботен, каде е предвидено да има голема програма за сите оние кои што ќе го посетат манастирот. За граѓаните на Штип ќе има бесплатен превоз.

Иван Митев, М-Нет