За 4,4 проценти се зголемени трошоците за живот за само една година, граѓаните револтирани

Нервите при крај, трошоците се повисоки, за само една година трошоците за живот пораснале за 4,4 проценти, според последните податоци на државниот завод за статистика. На терен граѓаните децидни, каде и да се свртат насекаде високи цени. Најмногу поскапување забележале на млечните производи и месото.

И додека за најголем дел граѓани цените се виоски, за многу мал дел тие се реални. Како што истакнаа пред камерите на нашата телевизија, цените не се скапи, согласно фактот дека нема производители и земјоделци.

Во согласност со ситуацијата, Индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи зголемување од 4.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 проценти. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 0.2 %.

Иван Митев, М-Нет