
Универзитетот „Гоце Делчев“ ја проширува меѓународната соработка со универзитети од Калифорнија. Соработката која започна минатата година со заеднички археолошки проекти, се продлабочува и добива пошироки рамки во областа на општествените и хуманистичките науки.Во рамки на новите активности, веќе се работи на иницијативи што ќе овозможат вклучување на повеќе департмани од двата универзитета, а за наредниот семестар се најавува и официјална посета од страна на раководството на калифорнискиот универзитет.
Особено задоволство ни е дека она што минатата година го започнавме со универзитетот од Калифорнија, како соработка од делот на археологијата и промоцијата на македонското културно наследство. Секако продолжуваме во пошироката област на општествените и хуманистички науки. Се очекува дека оваа соработка ќе доведе кон целосна соработка на УГД со универзитетите од калифорнија. Во текот на наредниот семестар ќе дојде директорот на универзитетот или ректор ние велиме од калифорнија со што би се проширила сорабтока во сите департмани. Многу се радуваме дека овој калифорниски универзитет и истражувачите од целиот свет, помогна многу за афирмацијата на Македонија и македонскиото културно наследство.“, рече Тевдовски
Дека оваа соработка е доста важна за Македонија, согласни беа и претставниците од Америка. Велат дека соработката ќе се придонесе за развој на археологијата во регионот.
Инаку, настанот се одржа во ректоратот на УГД Штип, а на истоиот присуствуваа претставниците на двата универзитета од Штип и Америка.
Иван Митев, М-Нет