
Висока втора позиција на штипскиот универзитет според рангирањето на Вебометрикс. И во најновото рангирање универзитетот повторно е рангиран на втората позиција во државата, а на светско ниво е рангиран за 100 места подобро од последното рангирање, објави на веб страницата Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Во писмената објава стои дека Вебометрикс рангира универзитети 20 години и оваа година одбележува 20 години од првата ранг-листа. Оваа база е најголемата во светот и опфаќа најголем број универзитети. -Според нивната методологија, рангирањето е според три параметри и тоа: Видливост – ова опфаќа број на надворешни мрежи и линкови кои институции и организации ги поврзуваат со универзитетот кој се рангира. Веб-страници на други институции ја имаат линкувано институцијата која се рангира. Вмрежувањето опфаќа 50% од формирањето на позицијата. За рекоторот, професор Дејан Мираковски ова преставува голем успех за еден од најмладите универзитети во државата. Додава дека се стремат кон повисоки цели.
„Ние како еден од најмладите универзитети во државата, брз прогрес до второто место и ова место го сметаме за солиден резултат и успех. Секако се стремиме да го подобриме работењето и рангирањето“ – вели Мираковски.
Мираковски е свесен дека треба многу напор и труд за да се дојде до првото место, но уверува дека второто место е сосем задоволително за работата и функционирањето на универзитетот.
Лаура Стојанова М-Нет