Убедлива победа за Борец, Големо Коњари и Превалец со нови три бода

Викендот се одиграа натпреварите од 9. коло од Трета лига – Југ, а оваа рунда беше отворена со убедливата победа на Борец од 3:0 над Марена во саботата.

Натпреварот беше решен во вториот дел откако стрелци за некогашниот прволигаш од Велес беа Цамиќ, Трајков и Чичевски.

Ултрас и Младост ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Гостинот од Кривогаштани со голот на Аврамоски во 20. минута дојде до 0:1, а во 36. минута Јакопетревски израмни на конечни 1:1.

Лидерот Големо Коњари со 1:2 ја доби Локомотива во Градско, откако за гостинот погодија Даноски и Наумоски, за домашниот тим Петров беше единствен стрелец.

Бучин немаше сили за разиграниот Превалец кој со 2:4 забележа нова победа на гостински терен. Србиноски беше двоен стрелец за домашниот тим, а пак а гостите стрелци беа Ставревски, Чоков и Стојанов, додека пак Јованоски си постигна автогол.

Слога и Питу Гули ги поделија бодовите во меч каде беа постигнати по еден гол (1:1). Гостите од Крушево преку Стрезовски во 69. минута дојдоа до водство од 0:1, а пак Угљанин во 90. минута ги постави конечните 1:1.

Во однос на табелата лидер е Големо Коњари со 21 бод, втор е Превалец со 20 бодови, а пак трет е Борец со 17 бодови.

На 4. место е Росоман со 13 бодови, а по 11 бодови имаат Питу Гули, Марена и Младост кои го делат 5. место. На осмото место е Слога со 9 бода, на деветтото место е Локомотива со 7 бода, колку што има и Ултрас кој е на 10. место, а на дното односно последното 11-то место е Бучин без бодови.