Кораб со нова победа ита кон бараж за Втора лига, Лирија и Демир Хисар со високи победи

Кораб го доби дуелот со Кравари на домашен терен со 2:1 и значително се одлепи на врвот од табелата во Трета лига – Југозапад по девет одиграни кола.

Некогашниот второлигаш од Дебар до победата стигна со погодоците на Ујкан Муча и Кренар Врлаку, а пак за гостите стрелец беше Мартин Ризовски.

Лирија со 4:0 беше убедлива против Преспа од Ресен каде двоен стрелец беше Сулејмани, а по еден гол постигнаа Рустеми и Реџепи. Сите четири гола беа постигнати во вториот дел од натпреварот.

Влазними со голот на Денис Шадов го доби дуелот со Јанг Тим на домашен терен, со што домашниот тим стигна до втора сезонска победа.

Демир Хисар го доби дуелот со Сатеска на кој паднаа десет гола (6:4). За домашниот тим искусниот голгетер Стефан Каревски беше стрелец на четири гола, а по еден гол постигнаа Талевски и Јанкуловски. За гостите од Волино сите четири гола ги постигна Никола Секулоски.

Лидер на табелата е Кораб со 21 бод, на 2. место е Лирија со 16 бода, а пак на делба на третото место се Кравари и Преспа. На 5. место е Демир Хисар со 9 бода, потоа следува Влазними со 7 бодови на седмото место, Светлост е на осмото место со шест бода, а на дното е Сатеска од Волино со 3 бодови на своето конто.