Три поранешни шампион на Македонија се одјавија од Прва лига, од следната сезона во Втора лига

ФОТО: ФК Работнички

Три поранешни шампиони на Македонија се одјавија од Првата лига и од следната сезона ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига.

Шкупи зад себе ја има најлошата сезона во историјата, а тимот од Чаир урна еден неславен рекорд. Шкупи освои само еден бод и со тоа стана најслабиот тим во историјата на Првата македонска фудбалска лига, уривајќи го неславниот рекорд на Тиквеш од сезона 2000/2001 кога тимот од Кавадарци имаше освоено само три бод.

За Шкупи ова беше повеќе од тешка сезона, сериозни финансиски прблеми, забрана за трансфери, со што клубот мораше да игра со млади фудбалери.

Шкупи кој е поранешен шампион на Македонија и клуб кој играше во Европа, од следната сезона ќе биде во Втора лига.

Од елитата испадна и Работнички, кој сезоната ја заврши на претпоследното место со 33 освоени бодови, „романтичарите“ кои во минатото играа во квалификациите за Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциска лига на УЕФА, Работнички играше европски натпреварите со Локомотив Москтва, Лил, Базел, Болтон, Ливерпул, Лацио, Трабзонспорт, Рубин Казан, Динамо Минкс, од следната сезона ќе игра во Втора лига и ќе биде меѓу првите фаворити за експресно враќање во елитата.

Македонија ЃП експресно се врати назад во Втора лига, откако „лавовите“ сезоната ја завршија на десеттото место со 34 освоени бодови.

Тимот од Ѓорче кој е поранешен шампион и играше во европските квалификации одново се враќа во Втора лига и одново ќе се бори за враќање во елитата.

Екипите на Брера Струмица и Пелистер преку бараж ќе се борат за опстанок во елитното друштво, а за противници ги имаат второлигашите Скопје односно Шкендија Арачиново.

Александар Ванев, М-Нет