Отворен ден на сите средни училишта во Штип, идните средношколци покажаа интерес за сите струки

Отворен ден на сите пет средни училишта од Штип денеска се одржа во Домот на млади, каде идните средношколци имаа можност одблиску да се запознаат со образовните профили, условите и програмите што ги нудат училиштата. Преку штандови, презентации и практична опрема, училиштата ги претставија струките и можностите за образование. Учениците разговараа со професори и средношколци за насоките кои ги интересираат и условите за упис. Градоначалникот Иван Јорданов порача дека Штип е расадник на кадри и образовен центар кој создава идни доктори, инженери и правници.

,,Штип е расадник на кадри, затоа што е центар на образованието, а благодарение на средните училишта, благодарение на кадрите во рамки на средните училишта успеваме да трасираме пат на идни студенти, на идни доткро, инжинери, правници, кои треба да додадат вредност во нашето општество, во нашиот град и во нашата држава. Оваа прилика ја користам да апелирам до идните средношколци да ја искористат можноста да одлучат во кое училиште, на која наставна програма и насока ке се запишат.“, вели Јорданов

Средните училишта во Штип годинава нудат повеќе образовни профили и нови можности за идните средношколци. Дел од училиштата воведуваат современи концепти на настава и поголем избор на предмети според интересите на учениците, додека стручните училишта остануваат фокусирани на практичната обука и кадри барани на пазарот на трудот.

,,Гимназиајта од оваа година стартува со нова концепција гимназиско образование, со тоа што се нуди исклучителна можност за учениците, да изберат предмети кои што сакаат да ги изучуваат или кои што се во нивни интерес. Со тоа веќе во трета и четврта година, учениците избираат свои по сопствена жеба пакети.“, вели Ристова

,,Ние сме како училиште спремни да ја примиме новата генерација ученици во рамките на трите наши струки, како машинство, електротехника и угостителство и туризам. Нудиме 11 профили, кои што на учениците им овозможуваат да се стекнат со квалитетна настава.“, кажа Шалева

,,И оваа година запишуваме од профилот медицинска сестра, забен техничар, физио-терапевтски техничар, фармацевстки техничар и како и лани кога за првпат го воведовме секторот лични услиги, заради големиот интерес запишуваме техничар за козметичка нега и убавина.“, истакна Николиќ

Средношколците од настанот со парки основните да се запишуваат во сите средни училишта. Деветтооделенците со веќе јасни цели, што сакаад да учат.

Настанот се одржа во Дом на млади, а присуство имаше од сите основни училишта од градот.

Иван Митев, М-Нет