
Ракометарите на Струга втора година по пред преку бараж ќе бараат опстанок во Супер лигата, откако минатата сезона го добија Мулти Есенс на неутрален терен во Прилеп, сега стружани ќе играат против Младост од Богданци.
Тимот од Богданци заврши на второто место на табелата и ќе мора преку бараж односно по потешкиот пат да обезбеди враќање во елитното ракометно друштво, откако Мулти Есенс стана шампион во Првата ракометна лига и обезбеди директен влез во Супер лигата.
Бараж натпреварот меѓу Струга и Младост е закажан за 6 јуни, а дополнително ќе биде утврдено каде ќе се одигра истиот, односно на кој неутрален терен.
Александар Ванев, М-Нет