
Три дена горешници, утре Огнена Марија, граѓаните ги посетуваат градските гробишта во Штип. Во овие заклучно три дена, постарите штипјани велат дека не се работи, а се оди само на гробишта за да си исчистат и измијат гробовите. Со стомна вода во рака,традицијата живее и годинава, а штипјаните доследни на неа, како што го правеле и нивните претци, се впуштаат во оваа едноставна, но многу важна обврска.
Традицијата е жива, а грижата за гробовите на најблиските не е само физички чин, туку и духовна обврска која штипјаните извршуваат со љубов и почит, како што правел и стариот македонец.
Горешници — претпоследните три дена на месец јули. Започнуваат на 28 јули и завршуваат на 30 кјули на денот на светата маченичка Марина (Огнена Марија). Бидејќи се слави во најтоплиот период од годината, обичај е овој и претходните два дена да не се работат никакви полјоделски работи, заради заштита од пожари и поројни дождови. Трите денови Горешници порано служеле и за претскажување на временските одлики на претстојната зима.
Иван Митев, М-Нет