Пелистер се засили со Белиќ и Булатовиќ, ново засилување за Силекс од БиХ

Прволигашот Пелистер со нови две српски засилување за новата сезона која ќе започне на 8 август.

Нови имиња во битолскиот прволигаш се Ѓорѓе Белиќ и Лука Булатовиќ.

Белиќ е фудбалер за врска кој стави потпис на едногодишен договор, во својата кариера има настапувано за Сремска Митровица, Мачва, Дрина Љубовија, Лозница, Дубочица и Вождовац.

Булатовиќ е фудбалер кој игра како десно крило, настапуваше за Горица каде одигра 29 натпревари постигнувајќи седум гола со шест асистенции.

Пелистер претходно се засили со Спировски, Ристиќ, Ристовски и Здравковиќ.

Ново засилување во таборот на Силекс е 22-годишниот Едис Бутуровиќ со кој ќе се засили дефанзивниот ред. Тој се очекува да донесе свежина во редовите на кратовскиот прволигаш, а во македонскиот тим носи искуство од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Новата сезона во Првата лига започнува на 8 август.

Александар Ванев, М-Нет