
Платите растат за повеќе од 11 проценти, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека ова не е доволно и е дециден дека просечната плата треба да биде уште поголема. Додава дека Владата продолжува со напори за дополнителен раст на платите и подобрување на животниот стандард. Рече дека целта е да се испорача тоа што граѓаните го очекуваат од нив.
,,Прво што сакам да истакнам дека и тоа не е доволно. Треба да биде уште поголема просечната плата и во таа насока продолжуваме како влада да работиме. Но, самиот факт што и бруто и нето плата растат повеќе од 11 процент е демант за сите од опозицијата. Изминатиот период континуриано даваа лаги во јавноста, дека платите не растеле, но овие податоци кои пристигаат се доволен доказ дека тие освен тоа што не говорат вистина и само шпекулираат, друго и не можат. Нашата цел е да испорачаме тоа што граѓаните го очекуваат од нас.“, рече Мицкоски
Инаку според податоците на државен завод за статистика Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2025 година изнесува
68 859 денари.
Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 11.0 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24.2 %, Образование за 14.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 14.5 %.
Иван Митев, М-Нет