Трите конкуренти од Втора лига во елитата: Како ќе изгледа Прва лига за сезона 2026/2027

Првата македонска фудбалска лига за следната сезона ќе биде во поинаков форма, наместо 12 екипи како минатата сезона, елитата ќе брои десет екипи. Трите најголеми конкуренти кои се бореа за влез во Прва лига обезбедија промовиција во највисок ранг на натпреварување.

Познат е изгледот на Првата лига за следната сезона 2026/2027, а ќе настапуваат шампионот Вардар, Шкендија, Струга Трим Лум, Силекс, Тиквеш, Арсими и Башкими, кои и минатата сезона беа дел од Прва лига, а нови прволигаши се Брегалница која стана шампион во Втора лига, Скопје кој преку бараж ја доби Брера Струмица и по сезона 2022/2023 се врати во елитата, како и Шкендија Арачиново која го доби Пелистер во пенал рулетот и за првпат во историјата ќе игра во елитата.

Од Прва лига директно испаднаа Шкупи, Работнички и Македонија ЃП, а преку бараж испаднаа Брера Струмица и Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет