Антонија Тасева освои бронза на Балканското првенство, штипски Гладијатор Фајт се насочува кон „Гранд При Сараево“

Штипскиот кикбокс клуб Гладијатор Фајт забележа одлични резултати на Балканското првенство кое се одржуваше во Нови Сад, Србија.

Во силна конкуренција Антонија Тасева освои бронзен медал, а пак Јован Јанковски за малку не успеа да обезбеди борба за медал, па својот настап го заврши на одличното 5. место.

Сега ќе следуваат подготовки за кикбокс клубот Гладијатор Фајт, бидејќи тимот се подготвува за нови предзивици, на 5 и 6 јуни ќе учествува на „Гранд При Сараево“.

Екипата која е предводена од тренерот Шенол Асанов во Босна и Херцеговина ќе патува со пет натпреварувачи. Антонија Тасева ќе се натпреварува во минус 60 килограми, Петра Долдурова ќе биде во конкуренција минус 65, Јован Јанковски во конкуренција минус 52 килограми.

Од Гладијатор Фајт на „Гранд При“ во Сараево ќе учествува и Леонтина Митков јуниор минус 65 килограми, како и најмладиот „гладијатор“ 11-годишниот Максим Иванов во категорија минус 32 килограми.

Александар Ванев, М-Нет