
Неисчистените канали за наводнување, намалените субвенции и ниските откупни цени ги доведоа оризопроизводителите од кочанско во тешка состојба, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вчера беше на средба со земјоделците во селото Грдовци. Тој рече дека тие се оставени без решенија и се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. Порача Владата да го слушне гласот на земјоделците и да обезбеди најмалку 20 денари дополнителна субвенција по килограм, за да можат да ги посеат нивите и оваа сезона.
,,Луѓето се соочуваат со со сериозни егзинстицијални проблеми. Освен што им се намаленени дополнително субвенциите по декар земја за 300 денари, од 2100 на 1800 денари. Дополнително на тоа каналите за вода не им се исчистени. Вода од калиманското езеро не е пуштено. Значи се поставува прашањето дали некој во министерството за земјоделство воопшто води сметка за секторот. Најлошиот ресор во оваа влада. Треба да дојдат и да ги слушнат овие луѓе. Да дадат најмалку 20 денари по кило дополнителна субвенција, за да може да преживеат луѓето, за да може насад да има оваа сезона, а понатаму да се зборува за тоа како да се зголеми дополнително и откупната цена. Ваква незаинтересираност не видела оваа Влада, ова земјоделците не го заслужуваат.“, кажа Филипче
Земјоделците што беа на средбата велат дека состојбата е многу лоша и дека немаат услови ни за нормална сеидба. Се надеваат дека ќе се најде решение за да можат да ја почнат сезоната
,,Условите за сеидба се никакви. Прво каналите се несичистени, велат денеска ќе пуштеме, утре. Цената е пак друга работа, народот е незаинтересиран. Ориз од помали имам малку, од лани целиот стои. Се е врзано со пуштање на водата во каналите. За секоја сеидба треба губрива, треба вода, треба нафта значи ние сме веќе утепани. Потхитно државата да не обештете со интервентни некои мерки, за да може да купеме и ние едни патики на нашите деца и да се облечат како што личе.“, истакнаа земјоделците од кочанско
Oризопроизводителите, кои беа на средбата, истакнаа дека најпотеценета гранка останвуа производството на ориз, па како што велат во иднина ќе размислат дали ќе продолжат да ја негуваат.
Иван Митев, М-Нет