Треба да се даде живот на штипската саат кула велат штипјани

Кога ќе екнеше гласот на саат кулата знаевме дека еден час поминал, порано се будевме со тој звук, знаевме кога треба да одиме на работа, на училиште велат штипјани. Децидни дека саат кулата во град Штип е голем симбол на градот и е многу познат кај позрелите генаерации.

„Јас знам заради тоа што сум чистокрвна штипјанка и од мајка и од татко. Епа тие што не се во можност да имат дома будилник или часовник тие го слушале времето од неа. Колку пати ќе чукне, толку часот е, ако е половина час, тогаш двапати ќе чукне на времето. Tреба да и се даде живот на саат кулата, тоа може да биде и те како атрактивно и за туристите, поготово за нас како и за нив. Очукуваше да точно е , меѓутоа многу одамна, некој треба малку повеќе да обрате внимание на оноа што го имаме да го дочуваме, да му дадеме живот и да биде атрактивно. Тоа беше на градот симбол, барем јас сум многу одамна иселен, но како дете секој знаеше дека кога саатот ќе отчукне и за работа и за на училиште. Порано знам како работеше на секој саат отчукуваше.“ – изјавиа штипјани

Треба да и се даде живот на саат кулата велат штипјани, бидејќи истата може да биде голема атракција како за туриститде така и за нас. Затоа што штипската саат кула е изградена во 17 век, како беговска куќа и стражница, а во втората половина на 19 век преминува во саат кула.

За саат кулата посоти и легенда за која се вели дека тусрски бег бил вљубен во штипјанка. На кого таа му дала ветување дека ќе се потурчи, но за возрат во градот на сеќавање да остави спомен. Па во таа чест била изградена Саат кулата во Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет