
Освојувачот на Купот на Македоника, екипата на Тиквеш од Кавадарци, преку пресврт во второто полувреме, по два гола негатива (0:2) дојде до историска победа од 3:2 на европските натпреварувања. Момците на Ѓорѓи Мојсов покажа карактер, добар фудбал, потврдија дека Тиквеш оди го нагорна линија по страшната сезона во домашниот фудбал, четврто место во Првата чига и освоен Куп, а сега може да се елиминира исландскиот противник.
Брејдаблик со головите на Еинарсон во 13. минута и на Кристинсон во 31. минута на полувреме имаше 0:2.
Во вториот дел Кристијан Стојкоски намали на 1:2 во 74. минута, а Мартин Стојанов брзо постигна атрактивно голлиште од слободен удар за израмнување на 2:2 во Скопје.
Бразилецот Лео Гуера Де Соуза во 83. минута постигна гол за комплетен пресврт и за голема историска ппбеда на Тиквеш на домашен терен во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Реванш мечот е закажан седум дена во Исланд.
Александар Ванев, М-Нет