Портокалова фаза и високи температури над 42 степени, штипјани дома под клима уреди

Од денес Макеоднија влегува во портокалова фаза со високи температури и над 42 степени, а штипјани децидни дека ова состојба не се издржува, вклучуваат клима, спуштаат ролетни и не изгледуваат од дома велат дека е начинот на кој гледаат да се заштитат од високите температури.

Но соогласни дека и не секогаш климата е многу добра затоа што го суши воздухот, а и нагли промени во однос на температурата не се добри. Посочиа дека пред да влезат во климатизирана просторија треба да се прилагодат на температурата.

„Имам сенки, имам лозје, во дворот, а синчето има клима во собата и така важно страшна работа со оваа температура тешко е да се издржува. Јас имам ладен подрум, клима немам меѓутоа отворам вратата од подрумот поубава клима здравје. Отворам и вратата надворешна и се направе промаја. Планирам да ставам клима доколку не беше подрумската соба веднаш ќе ставев, не се седе. На горниот спрат и прозор имаме отворено не се седе. Немам клима јас, ладно ни е доле на долниот спрат. Па 18 -20 степени.“ – децидни штипјани

ОД УХМР велат дека особено топло од денес до средината на следната недела кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво, за опасност од високи температури. Во тој период дневните температури ќе се движат во интервал од 33 до 41 степен во четвроток, а повисоки температури се очекуваат во петок и сабота во од 34 до 42 степени. Слични температури ќе има и во првите денови од следната седмица. Во вакви високи временски интервали докторите апелираат да се избегнува изложеност на сонце во периоди од 11 до 18 часот, да се внесува повеќе течности и да се намали внесот на мрсна храна.

Лаура Стојанова, М-Нет