
Во тек е поставување на павер елементи и уредување на тортоарската површина на улицата 11 Октомври во Штип. Увид изврши градоначалникот Јорданов кој посочи дека за уредување на тортоарските површини и поставување на павер елемнти издвоени се еден милион денари, а активноста е реализирана од страна на локалната самоуправа.
„Улицата 11 Октомври е во завршна фаза со поставување на тортоарски површини и павер елементи. Повеќе од еден милион денари се одвоени за да се уредат тортоарските површини, ова се активности кои ги превзема локалната самоуправа на повеќе локации. Моментално вршиме увид на улицата 11 Октомври, но се работи и на други позиции во градот.“ – изјави Јорданов
Јорданов вели дека се работи и на многу други активности на улицата Шиток дол со поставување на ивичнаци и реконструкција на тортоарски површини, реконструкција и доуредување на влезови во станбени згради во населба 8-Ноември. А во текот на утрешниот ден се очекува и финализирање на катната гаража која се наоѓа кај стоковната куќа „НАМА“.
“Се довршува катнта гаража кај стоковната куќа „НАМА“ и првата станбена зграда која што очекувам во текот на утрешниот ден да биде финализирана и пуштена во целосна употреба. Воедно се вршат активности на улицата Широк дол каде се поставуваат ивичнаци и се започнува со реконструкција на тортоарските површини. Се работат на одредени позиции и во населбата 8-Ноември каде партнерно ќе се дооуредуваат влезовите на станбените згради кои останаа не уредени.“ – додава Јорданов
Јорданов истакна дека посочените активности се на дневна основа и се реализираат на повеќе локации и се надева дека со динамиката на работата започнатите активности ќе се завршат во најбрз можен рок.
Лаура Стојанова, М-Нет