
Родителите се повеќе се отсутни од воспитувањето на децата, а нивното место го преземаат мобилните телефони. Наместо со книга во рака и разговор за секој проблем со родителите, денес младите растат се повеќе сами. Последиците веќе се видливи, се повеќе булинг во училиштата и на социјалните мрежи, а се повеќе повлечени ученици се соочуваат со анксиозност, депресија и осаменост. Токму затоа, денеска Факултетот за образовни науки при УГД Штип организираше советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Оттаму катогрични оти младите се помалку читаат.
,,Се помалку, јас денеска меѓу другото, покрај како дека на факултетот за образовни науки и дел од огранизацијата, сум и учесник на еден од панелите. Ќе зборувам окму тоа, колку е важно читањето. Ќе демонстрирам неколку научни студии, кои што покажуваат колкава е разликата помеѓу читањето од книга и читањето од екран, а камо ли пак гледањето видеа и читањето, така што токму во ова време е навистина предизвик и сериозна потребата да се образуваат децата на читање на книга.“, вели Стојанов
Кога се во прашање решенијата, повеќето професори велат дека е најдобро да се гледаат примерите на Австралија, која превзеде мерки, со кои ја ограничува можност од користење на социјалните мрежи.
,,Презентацијата е во насока на советување и на родителите и на наставниците и секако на политика, вклучително на Владата, општината, училиштата, кои треба да превземат мерки во поглед на скртување на времето на користење на екраните или мобилните телефони. Ја гледаме и Австралија која превзема мерки, со кои ја ограничува можноста од користење на социјалните мрежи, како и Франција воведува слобдони телефон училишта. За жал, родителите се сеповеќе одсутни во восптиувањето на децата, се повеќе присутен е алгоритамот и последиците можат да се забележат денес. Учениците се анксиозни се поголем е растот на училишниот булниг или сајбер булниг кои што се случува и во училиштетот и дома. Имаме анорексија, депресија, анксиозност, за жал и самоубиства на тијнеџери.“, вели
Настанот се организира по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, а во рамки на одбележувањето на осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик.
Иван Митев, М-Нет