
Со цел младите да се охрабрат и поактивно да се вклучат во развојот на туризмот и бизнис логистиката, денеска на Факултетот за туризам и бизнис логистика се одржа деветтата Меѓународна научна конференција. Претставници на институции, професори и студенти разговараа за предизвиците и новите можности за унапредување на туристичкиот сектор. Од ИПР Штип истакнаа дека туризмот е важен двигател на економијата и најавија реализација на проекти за развој на регионот.
,,На оваа научна конференција споделивме доста искуства, кои што се корисни за секоја институција. Заклучивме дека сите институции образовните и нашата како центар и привантиот сектор се поврзани на некој начин за развој а туризмот и во регионот и во државата. Ние како институција, која што се грижи за регионалниот развој во регионот и поврзува 11 општини, споделивме една од главните точки кои што се занимавме и каде што планираме да реализираме проекти е туризмот, бидејќи е гранка која што индирекно или дирекно поврзува повеќе подгранки и е двигател на економијата во егионот и државата. Се надевам дека од оваа конференција добивме идеи и некои заклучоци како заеднои да функционираме, да придонесеме за поразвиен регион, до подобра туристичка понуда.“, кажа Здравков
Деканката Наташа Митев порача дека кај студентите е потребна поголема храброст, иницијатива и мотивација. Од конференцијата беше заклучено дека преку заедничка соработка може да се создаде подобра туристичка понуда и поразвиен регион.
,,Искрено да ви кажам ова е по ред деветта по ред мегународна научна конференција за предизвиците во туризмот и бизнис логистика, која што ја организира нашиот факултет. Јас сум пресреќна дека оваа година имавме панел дискусија во која што ги вклучивме дирекно оние кои што се инволвирани во туризмот, тие кои што работат со туристичките дестинациите. Она што произлезе од дискусијата е тоа дека ние сме на прав пат, а она што недостасува е храброст од студентите и мотивација да го превземат чекорот и да згрешат. Да грешат се додека не се погоди некоја работа, тоа е нашата препорака.
,,Ни треба уште повеќе уникатни искуства, кои што локалциве, локалното население може да ги креира и нуди како производи на пазарот, бидејќи Македонија е богата со места и луѓе кои што имаат уникатни професии и хоби, а ако ги инволивраме во сето ова кое што го градиме како еден пакет туризам ќе добиеме уште поголема палета на понуди за странските и домашните туристи.“, вели Камов
Од конференцијата порачаа дека туризмот може многу да придонесе за развојот на регионот и државата. Сите се согласија дека со повеќе соработка, нови идеи и поголема вклученост на младите, може да се направи подобра туристичка понуда.
Иван Митев, М-Нет