ТППЕ Штип го одбележа 20 мај – денот на пожарникарите, досега набавени 5 нови возила и нова опрема, наскоро ќе има и возило со скали


28 професионални пожарникари од ТППЕ Штип денеска го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарите. Овие 28 пожарникари се подготвени во секое време, да одговорат на сите интервенции и располагаат со современа опрема за работа на терен. Во изминатиот период единицата е зајакната со вкупно пет нови возила, со што значително се подобрени условите и ефикасноста на интервенциите. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Иван Јорданов, кој даде силна поддршка на пожарникарите . Пред камерите на медиумите тој најави дека во следниот период приоритет ќе биде набавка на специјализирано возило со скали за интервенции на висококатници.

,,Да посакаме во сезоната која што предстои, помалку работа, но припадниците на ТППЕ Штип да бидат на висина на задачата. Да бидат во служба и сервис на граѓаните. Она кое што е наша цел е во периодот кој што следи да продолжиме со промена на состојбите во насока на подобрување и модернизирање со нова опрема, нови возила. Она кое што сакам да го споделам како информација е дека во изминатите четири години, оваа локална власт успеа да обезбеди нови пет возила на ТППЕ и доплнително единици на опрема, кои верувам дека служат во секојдневнтие обрски и услуги кои ги даваат припадниците на ТППЕ. Два камиони за шумски и урбани пожари набавивме и дополнително три теренски возила, што навистина за еден краток временски период е голем исчекор, секако не застанува овде. Секако има потреба од дополнително модернизирање подобрување на состојбите. Еве како нешто кон кое се стремиме и во разговор со командирот на ТППЕ е да ннабавиме возила со скали, кои ке овозможат работа, третирање на висококатници, затоа што веќе конфигурацијата и објектите во нашиот град налагаат за таков тип возило. “, вели Јорданов

Од одбележувањето командирот на ТППЕ Благој Ренџов, кажа дека оваа година, за разлика од преходните бројот на интервенции е драстично намален, поготово кога се во прашање оџаците.

,,Во моментот ТППЕ Штип брои 28 професионални пожарникари, кои во секое време се спремни да одговорат на сите предизвици. Во делот на опремата, како што кажа и градоначалникот, за краток период набавени се нови возила, не застанваме овде, се надевам дека за краток временски период ќе набавеме и возило со скали кое ни е неопходно. За разлика од претходната година, оваа година бројот на интервенции е драстично намален поготово на запалените оџаци.“, кажа Ренџов

Инаку, денот се одбележува секоја година на 20 мај и има за цел да ја покаже важноста на пожарникарите во општеството.

Иван Митев, М-Нет