
Тамер Јамаковски или Марјан Арсов, кој ќе седне во директорската фотелја на штипската гимназија. Денеска напладне училишниот одбор го спроведе интервјуто со двајцата кандидати, единствените кои ги исполнуваат условите за да ги извршуваат директорските обврски. Предлогот на членовите од училишниот одбор ќе бидат доставени до градоначалникот Иван Јорданов, кој ќе одлучи за тоа кој ќе биде новиот директор на средното училиште Славчо Стојменски. Во понеделник веќе ќе се знае името на новиот директор.
Во меѓувреме во штипската гимназија една година на позиција в.д. директор беше Весна Ристова, која тогаш дојде на местото на Јамаковски. Но, оглас за директор мораше да има бидејќи Ристова не ги исполнуваше директорски услови. Според Јорданов ова е пропуст на централната власт која една година не дозволувала на потенцијалните кандидати за директор да го положат менаџерскиот испит.
Дали на ист начин ќе се решава проблемот и во останатите штипски средни училишга? Јорданов вели решение ќе се бара во од.
Согласно Законот за средно образование челн 1 Директорот е раководен орган на јавното средно училиште и одговорен за законитост во работата и за материјално-финансиското работење на училиштето. Во член 2 стои дека за директор на јавно средно училиште се избира лице кое покрај општите услови утврдени со закон ги исполнува условите за наставник, педагог или психолог во средно училиште, има високо образование, пет години работно искуство во установа за воспитно-образовна работа верифицирана од Министерството и положен испит за директор, во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик.
Лаура Стојанова М-Нет