Тешка механизација ги валка со кал штипските улици

Механизација остава траги од кал на улиците низ Штип. Законот вели нанесување кал на пат од пристапните патишта на пат со современ коловоз е забрането, ама колку Законот се запазува во пракса прашавме во Општина Штип. Комуналниот инспектор, Борче Везенков, вели дека екипи на терен има и најчесто станува збор за трактори што пренесуваат земја. Кога екипите ќе забележат такво нешто, им даваат опомени, по опомените луѓето најчесто ја чистат направената штета. Меѓутоа, иако има екипи, на терен се дејствува колку може, па ако немаат информации за тоа кој го прекршил законот, се останува без казни и опомени.