
„Магнамехатроникс“ е компанијата која годинава ќе отвори фабрика во штипската ТИРЗ. Ова е прва странска инвестиција во државава годинава, што според премиерот Ковачевски, е од голема помош и ќе донесе економски раст и напредок на земјата, како и раст на платите и пензиите, а сето тоа позитивно ќе се одрази на квалитетот на животот на граѓаните.
„Манга интернационал, канадската компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти, кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот, оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации. Спроведеното истражување за потенцијални локации за отворање нова фабрика во Европа опфати повеќе држави, но компанијата одлучи за инвестирање да ја избере Северна Македонија, на понудената локација во ТИРЗ во Штип.
Како што истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, станува збор за инвестиција од 40 милиони евра и барем 600 вработени. Деспотовски вели 2022 година е најуспешна година досега со 25% повеќе извоз на компаниите во Зоните, 40% од средствата во буџетот и џебот на наши сограѓани кои работат во компаниите и над 2.300 нови работни места.
„Добредојде, секако, на компанијата Магнамехатроникс во семејството на ТИРЗ. Премиерот веќе спомена, нови 40 милиони евра и најмалку 600 вработени во ТИРЗ во Штип. Ова е ветување коешто го дававме минатата година и ова ветување ние го исполнуваме денеска.
Потенцијалниот ризик за во Штип да не се најдат 600 нови работници во време во кое компаниите се соочуваат со одлив на кадар им е познат на инвеститорите, потенцира Деспотовски. Тој посочува дека тоа е предизвик за инвеститорите и поттик за зголемување на платите, но смета дека имаме доволно работници.
Ребека Спасова М-Нет