С. Ѕвегор беше турско село, но на Сурова се одеше и тогаш – Митко Господиновски сведочи за вековната традиција

Маски, топла ракија, баница, продолжување на вековната традиција во делчевско Ѕвегор. Селото кое негоаш било турско, и ден денеска ги негува обичаите и традицијата поврзани со празникот Василица.

Македонците биле населени високо во планините, а самото село Ѕвегор се декларирало како турско. По правило на сурова треба да се оди во ноќните часови, ама заради големиот број немили настани кои се случувале во тоа време, самиот настан почнува да се реализира преку ден. Митко Господиновски од мал живее во село Ѕвегор. Сведочи за многубројни настани, физички пресметки меѓу македонци и турци и вели токму затоа денеска манифестацијата е преку ден.

„Селото ни беше турско, и се прави денски, оти ноќно време имало омразии меѓу луѓето и се случувале немили настани, и заради тоа се собираат дење. Нашта нација е била по планината, тука имало околу 20 куќи и прво оделе вечерта по планината, а денски оделе по куќите во селото.“ – вели Господиновски.

Митко Господиновски има 72 години, и сега не оди на Сурова туку ги пречекува суриваскарите. Но се сеќава на годините како дете кога од училиште продолжувал да оди на сурова за парче месо. Вели условите за живот биле повеќе од тешки па секој барал начин за преживување. Традицијата продолжува и денеска.

„Јас имам 72 години. Од дете јас сум одил, на школо кога одев одев на сурова, дури и гладни бевме. На пример една година беше ни умрело свинчето, да купеме не можеме, нема што да се јаде и сега одеш некаде дадат ти едно парче мало месо, оти по правило, традиција треба да ти дадат“ – вели Господиновски.

Денеска речиси и да нема Турци во делчевското село Ѕвегор. Поголем број од населението се македонци кои овде живеат и ги продолжуваат старите вековни традиции, кои останале уште од турско време.

Лаура Стојанова М-Нет